• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Перица Димковски од ДМА „Трајко Прокопиев“ го најавува годишниот концерт на Ансамблот

Детско Младинскиот Ансамбл „Трајко Прокопиев“ во сабота ,на 26-ти ноември ќе го одржи својот годишен концерт, на кој воедно ќе го одбележи и своето едногодишно постоење. Концертот ќе се реализира во Националната Установа  Центар за култура „Трајко Прокопиев“, во зградата на Театар Куманово со почеток во 19 часот.

Перица Димковски, уметнички раководител на Детско Младинскиот Ансамбл „Трајко Прокопиев“ најави богата забавна програма на која учество ќе земат домаќините со повеќе свои кореографии, а како гости на вечерта е КУД „Гоце Маркоски“ од Скопје . За хумористичниот дел ,за да ја насмее публиката, одговорни ќе бидат луѓето од Куманија.

Детско Младинскиот Ансамбл „Трајко Прокопиев“ се подготвува следната година за повеќе гостувања надвор од државава, а во разговорот беше најавен и проектот „Кумановски средби“, Меѓународен фолклорен фестивал со натпреварувачки карактер во Ансамблот се јавува како организатор и истиот ќе се одржи во Куманово следното лето во 2017-та година.

© Radio Bravo - Kumanovo