• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Сања Атанасовска, добитничка на книжевната награда „Караманов”

Кумановската поетеса Сања Атанасовска месецов на 44-те Караманови средби во Радовиш ја доби книжевната награда „Караманов”.

Оваа награда се доделува во чест на поетот Ацо Караманов, кој потекнува од Радовиш. Атанасовска како резултат на наградата ја испечати збирката поезија „Стаклена градина”, која содржи 54 песни. Песните се пишувани во последните две години. Поетесата во Радовиш имаше можност да се претстави на манифестацијата каде имаше поети од Србија, Бугарија, Унгарија, Словенија, Турција, Англија.

Интервју со Сања Атанасовска, добитничка на книжевната награда „Караманов”.


Атанасовска по професија е новинар, а во 2015 година ја издава збирката поезија „Писмото на десетте прсти” која е добитник на наградата „Лесновски ѕвона”. Во 2017 година со помош на Фондација Македоника ја објавува електронската збирка поезија „Тапија од животот”. Таа објавува поезија на повеќе странски сајтови. Утрово на гостување во радио Браво Атанасовска зборуваше за наградата, но и за плановите за во иднина.

© Radio Bravo - Kumanovo