• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Сања Русеска, најдобар млад актер во Македонија

Актерката од Театар Куманово, Сања Русеска ја доби наградата за најдобра млада актерка на 52-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој се одржа од 9-ти до 16-ти јуни, годинава во Прилеп.

Од интервјуто со Сања Русеска, дознајте многу повеќе за нашата актерка и за нејзините улоги во претставите.


Русеска ја толкуваше улогата на Мира од претставата „Хај Фај“ во режија на Јани Бојаџи, а по текст на Горан Стефановски. За актерката Русеска, оваа награда има исклучително значење, а тоа ни го потврди и таа самата при гостувањето во Радио Браво. Инаку, Сања Русевска, работи во Театар Куманово од 2013-та година и досега има учествувано во претставите: „Мајка Храброст“, „Брачна игра“, „Хај Фај“ и мултиетничката претстава„Шмекер со капа“ која се реализираше како соработка на кумановскиот театарот и денс студиото„Ултра“ каде своевремено Сања беше долгогодишен член. Таа настапувала и во детските претстави „Убавицата и ѕверот“, „Пинокио“ и „Волшебникот од Оз“.

 

© Radio Bravo - Kumanovo