• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Сашко Коцев со „Не се клади на Енглези“ пред своите сограѓани

Интервју со Сашко Коцев, еден од трите актери во хит претставата „Не се клади на Енглези“ која е на редовниот репертоар на Македонскиот Народен Театар, а во понеделник, 10-ти април, гостуво во Куманово, на сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (Дом на култура). Претставата започнува во 20:00 часот.


„Не се клади на Енглези“ е претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ

  • од Владимир Ѓурѓевиќ
  • Режисер: Синиша Евтимов
  • Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
    Костимограф: Ана Данчевска
    Превод: Александар Микиќ
  • Премиерна изведба : 04 Март 2014
  • Времетраење: 80 минути
  • Пауза: Не
  • Сцена: НУЦК „Трајко Прокопиев“
  • понеделник, 10-ти април, 20:00 часот
© Radio Bravo - Kumanovo