• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Нова книга на Силвана Бојковска

По издавањето на стихозбирката „Белег“, нашата сограѓанка Силвана Бојковска (по официјалната промоција во во Занаетчискиот дом), денес во Радио Браво ја претстави  „Традиционалното и современото културно живеење во Куманово“, книга која  претставува една ретроспектива на цивилизациските и историските придобивки кои што се вградиле во културното живеење на нашиот град.


Самото дело е интересно за одбележување во оваа година, точно петстотини години пред големиот јубилеј што ќе го прославува градот наредната година  и сметам дека вакви изданија ќе се вградат во културната меморија на секој од граѓаните на нашиот град. Апсолутно самата периодизација која што е опфатена на цивилизациските и културните процеси од предисторијата па до денес во изданието нуди една податлива слика за многу настани, за многу години, за многу дејности кои што се случувале во сите сфери на културата на градот, од книжевното и духовното живеење преку архитектурата, музиката, спортот до сите облици кои што ги имаме денеска на увид.


Книгата е магистерски труд на авторката Бојковска на Институтот за македонски јазик и култура, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Рецезенти на книгата се проф.д-р Маја Јакимовска – Тошиќ и проф. др. Илија Велев.

© Radio Bravo - Kumanovo