• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Симона Тоскиќ, продуцент и драматург во Театар Куманово

По завршувањето на годишните одмори, од денес и официјално започнува новата сезона во НУ „Трајко Прокопиев“, Театар Куманово. По тој повод, гостин во Радио Браво е Симона Тоскиќ, продуцент и драматург во Установата.

Театарската сезона започнува со хуманитарна претстава „Идиоти“ на 5-ти септември, понеделник, со почеток во 20 часот, билетарата работи од 10 до 14 часот и од  17 до 20 часот, цена на билетот е 100 денари. Ќе има уште две хуманитарни гостувања во НУЦК „Трајко Прокопиев“, и тоа: на 20-ти месецов гостува МНТ со „Прекината одисеја“, и на 24-ти, МОБ ќе гостува со детска оперета. Освен репертоарот за месец септември, театарот ќе има гостување во Крива Паланка, Штип и Кратово.

Со читачки проби актерите од Театарот започнуваат во понеделник со претставата „Па не баш!“, односно продолжение на првиот дел на претставата „Бегај, еве ја жена ти“ во режија на Коле Ангеловски. Во составот влегуваат: Горан Илиќ, Кети Дончевска Илиќ, Дубравка Киселички, Владо Дојчиновски, Александра Михајловска, Илија Струмениковски  и Давид Илиќ. Со премиера на претставата „Па не баш!“ ќе се затворат и 19-те по ред „Денови на комедија“ во месец октомври.

© Radio Bravo - Kumanovo