• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Симона Димковска, најдобар млад актер

Симона Димковска, актерка од Куманово ја доби наградата за млад актер на 54-тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој од 7 јуни се одржуваше во Прилеп. Димковска игра три улоги во претставата „Физика на тагата“, физичарот доктор Георгиева, напуштеното дете и волшебникот.

За млад невработен актер, оваа награда е мотив да продолжам да работам, да се усовршувам и да верувам во театарот

изјави Димковска во Прилеп на доделувањето на наградата, а повеќе за талентираната наша сограѓанка, од интервјуто за Радио Браво. Слушнете и погледнете…


Актерката освен со Кумановскиот театар, досега играла и во претстави на Прилепскиот и на театри од Скопје. „Физика на тагата“ е работена според романот на Георги Господинов, во режија на Милош Андоновски од Куманово. Димковска игра три улоги во претставата: физичарот доктор Георгиева, напуштеното дете и волшебникот.


Симона ја игра Јана, главната женска улога во филмот Исцелител во режија на Ѓорче Ставрески, а е дел од Театарот на Навигатор Цветко и како актер може да ја видиме во претставите „Солун, град на духови“ и „Лерин – полиња жито, ридишта крв“ од Русомир Богдановски, а во режија на Слободан Унковски.


© Radio Bravo - Kumanovo