• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

KK Бал фор лаиф со големи амбиции

Школа за кошарка Бал фор лаиф (од Ball for life или во превод „топка за цел живот/засекогаш“) постои од октомври 2010година. Основана е од Дарко Спејко Петковски бивш кошаркар кој воедно е и координатор. Токму Спејко и неговиот брат, Никола Петковски на пошироката јавност го претставуваа клубот кој со сопствени средства прави домашни играчи и со претензија да се натпреварува во најквалитетната кошаркарска лига.

Во клубот првите кошаркарски чекори ги направиле голем број млади кошаркари и девојки и момчиња, од различни генерации. Принцип на работа во Бал фор лаиф е на сите што го сакаат спортот на воздраст од 10 до 16 години, девојки и момчиња, да им пружи шанса за усовршување. Тие уште на првиот тренинг добиваат и орема. Во Бал фор лаиф на секој нов кошаркар му се овозможува да го покаже својот талент, и да се натпреварува. Програмата е прилагодена на возраста и способноста на децата кои се поделени во групи. Тренизи се одржуваат во спортската сала „Панко Брашнаров“, ОУ Магдалена Антова населба Карпош, Куманово.

b4l-girls-m16

Во рамки на натпреварувањата во Македонската лига покрај пријавената Сениорска (трета лига) мажи и Јуниорската (М-14) лига академијата Бал Фор Лаиф има пријавено и Женска (М-16) лига.

kk-b4l-ovce-pole-1

Сениорската екипа на KK Бал фор лаиф по четири одиграни кола е убедливо прва во Третата лига и скоро е сигурно дека следната сезона ќе се натпреварува во поквалитетната Втора македонска лига. На нас ни преостанува само да им дадеме подршка со присуство на следните натпревари кои ќе ги играат во спортската сала „Панко Брашнаров“, ОУ Магдалена Антова населба Карпош.

mkf-raspored-treta-liga

© Radio Bravo - Kumanovo