• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Годишен концерт на КУД „Српски вез“

На 29-ти октомври во 19 часот, во големата сала во НУЦК „Трајко Прокопиев“ традиционално по трети пат ќе се одржи годишниот концерт на КУД „Српски вез“ од Куманово. По тој повод, денеска гостин кај нас Јелена Максимовиќ – член на возрасната група на иcтоименото културноуметничко друштво.

– Tрета година по ред, традиционално го прославуваме нешаето постоење а воедно со тоа и го презентираме сето она што го имаме научено изминатата година. На 29 Октомври во 19 часот публиката ќе има можност да ужива во целовечерен концерт на кој ќе настапи нашиот фолклорен ансамбал, оркесатр и солистите од пејачката секција. Оваа година како и минатата концертот ќе го посветиме на основачот на Српски вез – Горан Стојковиќ кој за жал повеќе не е со нас. Ова е трета година како постоиме, работиме, се дружиме се со цел да го зачуваме српскиот фолклор, традиција, култура, и секако тоа е голема одговорност но нас нас сето тоа ни претставува привилегија, рече Јелена Максимовиќ гостувајќи во Радио Браво.

Ова година ќе настапат трите групи од Куманово и огранокот основан во Старо Нагоричане и тоа: малата група ќе се претстави со игри од Србија, средна група ќе се претстави со игри од околина на Ниш, големата група ќе се претстави со пчињски  и шопски игри, а огранокот во Старо Нагоричане ќе се претстави со игри од Шумадија, а сето тоа во придружба со оркестар, при што ќе настапат и солистите од пејачката секција, како и гостите: КУД „Бранко Радичевиќ“ од Белград, кои ќе ја збогатат програмата со нивен настап. Покрај гостите што ќе настапуваат, гости ќе има и во публиката и тоа: Иван Стоиљкоквиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Драган Недељковиќ, заменик министер за култура, како и претставници на: КУД „Севдах“ од Врање, КУД „Соко“ од Бујановац, КУД „Кочо Рацин“ од Скопје, ДМА „Срма“, КУД „ Панче Пешев“ и многу други.

© Radio Bravo - Kumanovo