• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Самостојна изложба на Стефан Јакимовски

Изложбата на авторот Стефан Јакимовски, под наслов ,,Мостови”, вечер, со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена во Уметничката галерија во Куманово. Самата изложба на која што пак посетителите ќе имаат можност да разгледаат 25 цртежи и графики од најновата продукција во разговорот во Радио Браво ја најавува токму авторот,  нашиот сограѓанин, македонскиот ликовен уметник и универзитетски професор Стефан Јакимовски.

Стефан Јакимовски завршил Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Кирил и Методиј, на графичкиот оддел во класата на проф. м-р Димитар Малиданов. Кај истиот професор завршува и постдипломски студии во 2008 година на тема Мултимедијален пристап во графиката. Работи како доцент на Факултетот за дизајн и мултимедија, на првиот приватен уневерзитет ФОН.

stefan-jakimovski-poster

© Radio Bravo - Kumanovo