• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Нова премиера по дело на Стое Додевски

На 25 октомври, вторник во објектот на кумановскиот театар со почеток во 20 часот ќе се прикаже премиерата на претставата „Напиши нешто смешно“, авторски проект на Стое Додевски, кој пак ни е гостин во Радио Браво.

Темата на претставата е црпена од секојдневните збиднувања и секојдневните проблеми со кои се среќаваме во животот. Оваа комедија пред повеќе години беше прикажувана во едно друго светло и како што ќе рече авторот, сега е модернизирана во чекор со времето и технологијата. Претставата ја изведува „Младински аматерски театар“, составен од средношколци, надежни актери аматери.

Билетот чини 50 денари и може да се купи на билетарата на Театар Кумново.

© Radio Bravo - Kumanovo