• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Стоје Додевски го претставува новиот „Аматерски Театар Куманово“

Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во вторник на 27-ми декември, во 19 часот, ќе се одржи промоција на Здружението за доброволно културно творештво „Аматерски Театар Куманово“ од Куманово. Промотори ќе бидат Ангела Јакимовска и Стоје Додевски. Пред самата промоција ќе биде прикажана представата „Напиши нешто смешно“, авторски проект на председателот на здружението Стоје Додевски. Додевски како гостин во Радио Браво ги покани сите заинтересирани да присуствуват на промоцијата, но и ги истакна потребите за регистрирање на вакво здружение.

© Radio Bravo - Kumanovo