• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Страхил Петровски со „Идентитети“ во Чифте Амам

Роден 1974 година во Куманово, Р.Македонија. Дипломира во 1997 година на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, Факултет за ликовни уметности – Скопје, сликарски оддел во класата на ред. проф. Родољуб Анастасов. Во 2000 год. завршува постдипломски студии на истиот факултет кај истиот ментор. Од 2000-2002 година работи како надворешен соработник – демонстратор на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, по предметот сликарска технологија и сликарски техники кај ред. проф. Момчило Петровски и ред. проф. Вело Ташовски, а од 2002 -2010 година хонорарно е ангажиран во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје како надворешен соработник-конзерватор во лабораторијата за конзервација и реставрација на икони. Учествува во реализацијата на првиот научно – истражувачки проект “БРЕСТАЛ” под менторство на ред. проф. Момчило Петровски на Факултетот за ликовни уметности – Скопје. Од 2010 година е вработен во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје, а во 2011 год. се здобива со звање виш конзерватор во истоимената институција. Од 2012 година е докторант на Институтот за македонска литература при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје. Член на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001/2007, и на ИКОМ од 2011 година.

strahil-petrovski-1

Комплексниот проект „Идентитети“ на Страхил Петровски нуди повеќеслојни толкувања на размислите што се однесуваат на еден постојан феномен – идентитетот. Изложбата ќе се одржи на 15 декември во Чифте Амам во 19 часот.

strahil-petrovski-2

Петровски досега има реализирано повеќе изложби и е добитник на бројни признанија:

Самостојни изложби:
2016 Скопје, Идентитети, Национална галерија на Македонија, објект Чифте Амам
2003 Охрид, Пораки, записи, сеќавања, Куќа на Робевци
2002 Виена (Австрија), Пораки, записи, сеќавања, Галерија „Ланг“
2001 Скопје, Интимни записи, Културно – информативен центар
2001 Скопје, Крај на векот – Ред / Хаос, Хаос / Ред, Музеј на град Скопје
1997 Куманово, Слики и цртежи, Уметничка галерија – НУ Народен музеј Куманово

Учествувал на над 60 групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми и семинари во Македонија и во странство: Скопје (1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004); Неготино (1995); Тетово (1995); Куманово (1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2011, 2015, 2016); Штип (1999, 2000, 2001); Самотраки, Грција (1999, 2001); Горњи Милановац, Србија (2000); Ријека, Хрватска (2001); Велес (2001, 2002); Словенија, Похорје (2001); Виена, Австрија (2002), Њујорк, САД (2003, 2005).

Награди:
1997 Скопје, Пофалница од Меѓународно жири на СИАБ 97, Музеј на град Скопје
1999 Скопје, Откупна награда од НУБ „Св. Климент Охридски“, ДЛУМ – цртеж ‘98
2000 Скопје, награда „Димитар Кондовски“ за сликарство, ДЛУМ 47. Ревијална годишна изложба, Музеј на град Скопје
2002 Скопје,награда „Константин Мазев – Коце“ за сликарство, Македонско ликовно творештво мал формат, Културно-информативен центар

© Radio Bravo - Kumanovo