• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

9-ти Меѓународен тамбурашки фестивал во Куманово


На Градскиот плоштад во Куманово, денес од 20:30 часот ќе започне деветиот Меѓународен Тамбурашки фестивал. На отворањето е предвидено да настапат То Зоруле од Нови Сад и групата Деспина од Битола. Втората вечер е закажат концерт на фолк пејачот Нино Величковски, по повод 30-годишна кариера. Гости на концертот се и Кумановски тамбураши, То Зоруле, Окетет Куманово, Боеми, Сашко Коцев, Перо Христов, Виолета Томовска и Маргица Антевска. Деветиот Меѓународен тамбурашки фестивал ќе го затворат Звуци со Рибници, од Подгорица, Здравко Ѓурановиќ и пријателите, со оркестарот на Дејан Илиќ.

Организатор на фестивалот како и претходните години е Фондацијата за култура и спорт, при Општина Куманово.
Медиумски покровител на фестивалот е радио Браво.

© Radio Bravo - Kumanovo