• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Нова премиера на театарот на Стоје Додевски

Аматерски Tеатар „Куманово“, пензионерска група ја подготви претставата „Зла жена“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Стоје Додевски и главна улога на Надежда Булатовиќ, денешни гости во студиото на Радио Браво.

За музиката во претставата е задолжен Коста Ќосе.


Режисерот Додевски откри дека се работи за комедија која обработува интриги со карактер на ренесансна фарса. Главниот лик во „Зла жена“ го игра Надежда Булатовиќ која истакна дека е горда што нејзе и е доверена главната улога во која скока, вреска и игра лик кој на сите ја наметнува својата воља. А, како една зла жена ќе се трансформира во добра, племенита и мила, што е и целта на комедијата, методот и начинот останува да го откриеме и осознаеме во среда, на 18-ти април, во 20 часот, на сцената во Занаетчискиот дом, поранешен кино Напредок, или денешна Сала за венчавање. Влезот за претставата е слободен.

© Radio Bravo - Kumanovo