• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Премиера на „Мани, мани, мани“ на Театар Куманово

Со претставата „Мани, мани, мани“ на Театар Куманово вечерва ќе се затвори театарскиот фестивал „Денови на комедија“.

Претставата започнува во 20 часот во Народна установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, а ако немате билет од истата ќе имате шанса да ги гледате репризите кои ќе се играат во следните денови на матичната сцена на Театар Куманово. Пред вечерашната премиера, Радио Браво во своето студио ги имаше: режисерот Горан Илиќ и актерите Марко Трајковиќ и Сања Русеска.


Текстот е на Реј Куни, а во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ. Актерската екипа ја сочинуваат Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Владо Дојчиновски, Нина Максимова, Дубравка Косилечки, Јасмина Василева и Мирослав Петковиќ. Комедијата во која ликовите влегуваат во лаги што ги доведуваат до ситуација на апсурд, градејќи предизвикувачки однос кон околностите во кои живееме и барајќи пат, кој не само што не не оддалечува од стварноста, туку се пресметува со неа, духовите и интригантно, преку силно кронична и театрална низа на псевдофилозовски нонсенси. Претсвата за нас, овде и сега, која ја жигорузва алчноста за пари како универзален феномен, со возбудливи и смешни заплети и ги изложува на смеа, или подобро кажано потсмев, и другите општествени појави, обичните човечки слабости, лошите карактеристики и др. Послегнување по сленгот, локалната географија и различните наши дијалекти, уште повеќе ја засилува комиката и ја прави претставата „наша“ и „тукашна“ што е проверен рецепт за урнебесна забава и за публиката и за актерите.

текстот е превземен од каталогот „Денови на комедија Куманово 2018“.


© Radio Bravo - Kumanovo