• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Трето полувреме за фудбал и ракомет


Трето полувреме, овојпат за фудбалот и ракометот. Откако пред два месеци седна на селекторската фотеља, Бошко Ѓуровски веќе по втор пат со интервју во Трето полувреме. Сепак викендот пред нас ќе биде во знакот на ракометот, односно на првите четврт-финални средби на Металург и Вардар во Лигата на шампионите. Во вториот дел од емисијата ги слушаме шефот на стручниот штаб на Металург Лино Червар и репрезентативецот и играч на нашиот вицешампион Филип Миркулоски.

Бошко Ѓуровски, селектор на македонската фудбалска репрезентација
Бошко Ѓуровски (роден на 28 декември, 1961 во Тетово е поранешен македонски и југословенски фудбалер, кој играл во среден ред. Тој е постар брат на Милко Ѓуровски.

Својата кариера ја започнал во ФК Тетекс Тетово, а настапувал и во ФК Црвена Ѕвезда и ФК Сервет. По крајот на својата каериера работел како тренер и асистент во повеќе клубови. Сега е селектор на Фудбалската Репрезентација на Македонија.

© Radio Bravo - Kumanovo