• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Радио Браво со ракометната репрезентација


Радио Браво беше на почетокот од квалификациите на нашата ракометна репрезентација за Европското првенство што ќе се одржи во 2016 година, во Полска. Првиот противник, Швајцарија, беше лесно совладана со резултат 27-20. Веќе утре, патуваме за Чешка, каде што во недела (13.30 часот) во Злин го играме натпреварот од второто коло. Ванчо Димовски и Никола Митревски (голман) се меѓу патниците, додека останатиот дел од составот е истиот кој настапи на првата средба. Чесите во премиерниот меч беа прегазени на гостувањето во Франција со 41:25.

© Radio Bravo - Kumanovo