• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Од „Тумба“ до Холивуд


Зоран Краљевски Глусац на помладите наши сограѓани е познат како стоматолог, но на постарите како член на познатата група „Тумба“ која во „осумдесетите“ правеа прекрасни игранки во спортската сала од нашата Гимназија. Покрај Краљевски во најпознатиот кумановски состав во овој период, членуваа и: Његош Секуловиќ, Младен Протиќ, Моме Костадиновски, Јовица Михајловски Џинкс и како вокали Миле и Љубиша Јовановски Жишка. Повеќе за животот на младите кумановчани од пред триесетина години во првиот дел од разговорот со нашиот гостин.

© Radio Bravo - Kumanovo