• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Во продажба билетите за концертот на Тајзи


Иноватива Груп Ви го најавува првиот солистички концерт на Тајзи кој ќе се одржи на 29ти ноември ( Сабота ), во Универзалната сала – Скопје. Веќе од денес влезните билети за концертот се пуштени во продажба по промотивна цена од 200 денари до крај на овој месец, а од месец ноември истата ќе чини 250 денари. На врата, билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари. На 29ти ноември Тајзи со бенд, во живо, ќе ги испее сите негови хитови од албумот “Нешто Поинакво”, а на концертот ќе има и интересни гости со кој тој соработува некое време. Билетите се во ограничен број и може да се набават во продажната мрежа на МКTickets. Побрзајте, и купете билет во најблиското за Вас, продажно место, сега, во месец октомври, по промотивна цена: http://mktickets.mk/t/ProdaznaMreza

© Radio Bravo - Kumanovo