• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Весна Бејби со свој стенд-ап во НУЦК Трајко Прокопиев

Актерката Весна Петрушевска, во среда на 29-ти мај, со почеток во 20 часот, во НУЦК Трајко Прокопиев пред кумановската публика ќе се претстави со „ВЛЕЗИ НЕ СЕ СОБЛАКАЈ“. Со овој стенд-ап настап, единствената актерка од понежниот пол во државава која го практикува ваквиот начин на изразување, на 13-ти март во својот матичен театар го одбележа јубилејот, 25 години во брак со МНТ.
Ќе ве насмее, ќе ве расплаче, ќе ве испрати со љубов… Жената која стои исправено пред сите предизвици. Таа има секогаш нешто да ви каже!

А што кажа на слушателите на Радио Браво, слушнете со кликање на плеерот подолу!


Весна Петрушевска е родена на 10 март 1970 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности,Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Димитрие Османли во 1992 г. Од 1993 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.
Вашите билети може да ги купите на билетарницата во НУЦК Трајко Прокопиев од 10 до 14 и од 17 до 20 часот. Поминете се незаборавна вечер со Весна Бејби, во среда на 29-ти мај, НУЦК Трајко Прокопиев.


© Radio Bravo - Kumanovo