• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Yasmin Lopez Rivera, членка на Cubano Soy

Македонската музичка сцена има нешто со кое може да се пофали. Љубителите на ноќниот живот и танцот сигурно слушнале за кралевите на одличните забави – бендот „Cubano Soy”. Групата имавме можност да ја видиме кон крајот на минатата година, на роденденската забава на Алфи Техноцентар. Денеска преку разговорот со членката на бендот Yasmin Lopez Rivera, Радио Браво ви ја претставува групата Cubano Soy.

Да почнеме од почеток. Бендот се состои од тројца Кубанци, Boris Betancourt, Cindy Lamelasи Yasmin Lopez Rivera. На сцената постојат осум месеци. Пред да се одлучат да го оформат бендот, во Македонија прво пристигнаа Борис и Синди, кои пред 2 ипол години го отворија школото за кубански танци „Estilo Habana”. Професионалната пејачка Јасмина доаѓа една година подоцна во Скопје, а и откако договорот за соработка и завршува, таа се решава да остане во Македонија и заедно со своите пријатели да го формира триото „Cubano Soy” кое прави спектакуларни забави. Комбинација од пеење, играње и анимирање на публиката, до сега дефинитивно се покажа како добитна.

Членовите на бендот за Македонија се решиле затоа што добиле шанса да бидат ангажирани како професионални артисти и имаат можност за интеракција со нација која е секако поразлична од нивната, што за нив претставува дополнителен професионален и животен предизвик. Покрај културните разлики како јазикот, традицијата и храната, членовите на популарното трио велат дека помеѓу Кубанците и Македонците има одлична вибрација и многу сличности меѓу кои позитивната енергија. Тие ги опишуваат Македонците како луѓе кои сакаат да се забавуваат, сакаат да се дружат со пријателите и фамилијата, а токму овие сличности го мотивирале кубанското трио да ја презентира и рашири латино музиката, танците  и латино културата преку забавите и настапите, токму во Македонија.

Cubano Soy

За себе велат дека имаат амбициозни цели кои вклучуваат, меѓу другото да станат промотори на кубанската култура во Македонија, зголемување на форматот на триото во поголем состав, соработка со уметници од територијата на Македонија, концерти и настапи, како и идејата за снимање на музички албум, каде што двете култури може да се комбинираат, и конечно да се презентираат во другите балкански држави.

© Radio Bravo - Kumanovo