• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

За осетливите заби, со др. Емица


Првата тема од серијалот кој ќе биде поврзан со стоматологијата, а во кој гост ќе биде др. Емица Младеновиќ Спасиќ од стоматолошката ординација „Ултра Дент“ ќе биде осетливоста на забите.

др. Емица Младеновиќ Спасиќ од стоматолошката ординација „Ултра Дент“

Дијагноза
Стоматологот најпрво ги дознава тегобите кои се јавуваат кај пациентот и прави преглед на усната празнина. Рентгенската снимка дава податоци за евенryална скршеница на забот или за постоечки проблем со забниот нерв. Треба да се утврдат и евентуални постоечки орални навики на пациентот. Шкрипењето со забите и силното стискање на вилиците може да бидат причина за осетливост на забите. Стоматологот треба добро да ја утврди состојбата на забите, во каква состојба се пломбите и дали е оголен коренот на забите. Забот може да биде осетлив на ладно и неколку недели после извршено пломбирање на истиот. Металите во амалгамските пломби се одлични спроводници на ниска темпераryра, која ја дразни забната пулпа. Пломбите со боја како и природните заби, бараат третирање на забот со киселина пред поставување на пломбата. Во некои случаи, третирањето со киселина, може да ја истенчи глеѓта на забот и истиот да стане осетлив. Доколку забот станал осетлив после поставување на длабоко полнење, проблемот може да исчезне сам по себе, после неколку недели. Понекогаш пломбата е масивна и притисокот на забот при загриз е пресилен, па стоматологот треба тоа веднаш да го реши. Доколку по извесен период осетливоста на забот не се намалува, тоа е знак дека е потребно да се изврши ендодонтско лечење на забат.
Превенција
Денталната осетливост може да се избегне доколку се придржуваме кон одредени совети кои ги даваат стоматолозите;
• Миење на забите двапати дневно и употреба на забен конец:
• Употреба на средно тврда – медиум четка за заби и нежна четкање на забите со движења кои се насочени горе – доле, а не лево – десно;
• Употреба на паста за заби и раствори за испирање на устата кои садржат флуор;
• Употреба на паста за заби наменета за осетливи непца и заби;
• Да се побара помош од стоматолог во случај на бруксизам.
Третман
Денталната осетливост се лечи лесно, без оглед на причинителот. Доколку забите се премнагу осетливи, стоматологот употребува лакален анестетик и врши чистење на забен камен, меки наслаги и субгингивални конкременти, а по чистењето ги премачкува са препарат на база на флуор кој привремено ја смалува осетливоста на забите и истовремена ги прави појаки. Во поново време осетливоста на забите се третира со примена на забен ласер. Употребата на забните пасти и течности за испирање на уста, исто така ја намалува осетливоста на забите. При изборот на течностите за испирање на база на флуор потребно е да се консултира стоматологот, бидејќи во продажба се наоѓаат препарати са поголем степен на киселост кои кај осетливите заби може да предизвикаат контраефект. Пулпалната осетливаст се лечи со вадење на забниот нерв. Нервот се отстранува, простарот добро се чисти и потоа се полни со соодветно полнење.

© Radio Bravo - Kumanovo