• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Жаклина Стефановска, селектор на изложбата „Жените и фотографијата“

На 3-ти март, петок, во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, со почеток во 19:30 часот е закажано свеченото отворање на четвртата по ред, изложба на уметничката фотографија „Жените и фотографијата“ во организација на Фото Клубот  „Куманово“, а по повод 8-ми март, Светскиот ден на жената. Изложбата ја најавува Жаклина Стефановска во својство на  селектор на изложбата како најактивен член на Фото Клубот  „Куманово“.

Повикот за учество на четвртата по ред изложба на уметничка фотографија ,,Жените и фотографијата“, беше упатен до сите фотографски клубови ширум Република Македонија. На повикот се пријавија над 30 фотографки и беа разгледани над 200 фотографии. Раководејќи се со лозунгот ,,Жените-фотографи и нивната можност за слободно изразување преку фотографијата, откривањето на себе си и светот околу нив“ селекторот на изложбата Жаклина Стефановска издвои 60 уметнички фотографии. Изложбата „Жените и фотографијата“ е посветена на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност.

Жените биле вклучени во творењето на фотографијата уште од создавањето на првиот фотоапарат од страна на Луј Дагер, во далечната 1839-та година. Во прво време, препреките за нивното учество биле поголеми отколку во останатите уметности. Жените и нивната работа не го добиле заслуженото место во фотографските кулоари. Било потребно да помине извесно време за женското фотографско творештво да добие на општо признание од пошироката јавност.

© Radio Bravo - Kumanovo