• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Жаклина Стефановска го претставува „Малински фото фестивал“

Фото клуб Куманово по трет пат го организира фестивалот на уметничка фотографија „Малински фото фестивал“ на 21 и 22 мај 2016 (сабота и недела). За разлика од претходните години овогодинешниот фестивал ќе трае 2 дена и ќе се одржи во Куманово и во Кратово. Жаклина Стефановска, член на Фото клуб Куманово во Радио Браво говореше за дводневната програма на фестивалот.

Посетителите ќе имаат можност да погледнат околу 400 изложбени фотографии во колор и црно–бела техника кои се дела на интернационални и домашни реномирани фотографи, како и ученици аматери. Односно осум различни изложби, шест фото проекции, предавање на тема документарна фотографија и фото сафари.

Malinski 2016

Посетителите ќе имаат можност да погледнат: самостојна изложба на Марина Крстиќ реномиран фотограф од Македонија, самостојна изложба на Золтан Бисак реномиран фотограф од Турција, меѓуклупската изложба која е со натпреварувачки карактер помеѓу фото клубот Куманово и фото клубот Војцин од Полска насловена како „Круг“ и истата е под селекторство на Марјан Јаневски од фото клубот Козјак, клубска изложба на фото клуб Куманово насловена како „Тумба“, изложба на средно школци од ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово, клубска изложба на фото клуб Крагујевац, Србија насловена како „Продолжување на традицијата“, мeѓународнa изложбa „Photo Play“, мeѓународнa изложбa „Photo Story“, фото проекција на Коста Дупчинов од Македонија, на Дарко Стојковски од Македонија, на Дејан Колевски од Македонија, на Иван Вукелиќ од Македонија, на Дмитриј Частаков од Русија и на Авишек Дас од Индија. Програмата на фестивалот е збогатена со предавање на тема документарна фотографија од Зоран Ѓорѓевиќ, реномиран фотограф од Србија, и исто така со фото сафари кое ќе се одржи во втората половина на фестивалот односно вториот ден во Кратово.

© Radio Bravo - Kumanovo