• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Жарко Митковски најави „воскреснување“ на шахот во Куманово

Истакнатиот бугарски велемајстор Кирил Георгиев, во петок, 19-ти мај, на плоштадот пред Домот на културата (НУЦК Трајко Прокопиев) во Куманово, со почеток во 17 часот, ќе одигра симултанка на 20 табли.

Симултанката, која има цел да предизвика што поголема популаризација на шаховската игра, односно заинтересираност кај младите љубители на црно-белите полиња во Куманово и пошироко, е по иницијатива од членовите на ШК Куманово, а пред се на повеќекратниот првак на градот Жарко Митковски.

Интервју со Жарко Митковски

– Велемајсторот Георгиев ќе игра против оние што ќе изразат желба, како што се на пример, професори, судии, адвокати, сопственици на фирми, младинци, инвалиди, пензионери итн. Ова, секако, нема да биде првпат да се организира вакво нешто кај нас, бидејќи познато е дека во минатото, поточно во клубот на воените старешини во Куманово, симултанка одиграл и поранешниот светски првак, Русинот Борис Спаски – нагласува Митковски.


© Radio Bravo - Kumanovo