Во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, минатата седмица беше отворена изложба на графичарот Жарко Стевковски. Стевковски е роден во Скопје. Средно училиште завршува во УПУ „Лазар Личеноски“ во 2000-та година во Скопје. Дипломира на Факултет за Ликовни Уметности, на одделот-графика со графички техники во Скопје во класата на проф.Зоран Јакимовски во 2008-та година. Истата година запишува магистерски труд на одделот за графиката со графички техники кај истоимениот професор.Магистрира во 2011-та година. Активно се занимава со цртање на графики и сликање. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 23-ти февруари.
Audio clip: Adobe Flash Player (version 9 or above) is required to play this audio clip. Download the latest version here. You also need to have JavaScript enabled in your browser.








