• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Жито Лукс со донација за Детскиот оддел во кумановската болница

Детскиот оддел во Општата болница во Куманово започна донаторска акција  иницирана од најголемиот македонски производител на леб и брашно, од Жито Лукс. По тој повод на оваа тема разговараме со Сашка Неделкова, продукт менаџер во Жито Лукс.

  1. Од каде идејата да се организира донаторска акција наменета за детскиот оддел во општата кумановска болница?

Иницирање на донаторски акции не е нешто ново за нас, а идејата поточно мотивот како компанија да се вклучиме во подобрување на заедницата во целост, е неразделив дел од компаниската филозофија. Повеќе пати и во неколку градови сме организирале слични активности, а изборот на установа каде да бидат донирани средствата е резултат на нашето постојано следење на состојбите во социјални или здравствени установи и лоцирање каде нашата помош е најпотребна и каде може вистински да помогнеме. Така што, со оваа кампања Детскиот оддел во Општата болница во Куманово ќе добие подобри услови и ќе стане место каде престојот на најмалите ќе биде попријатен, а лекувањето полесно. 

  1. Во колку фази ќе биде акцијата и која е нејзината цел? 

Акцијата ќе ја спроведеме во две фази и после секоја од фазите ќе биде донесена донацијата. Исто така, секоја од фазите на кампањата ќе вклучува и извесни активности преку кои ќе се обидеме да ја зголемиме свеста за состојбата во детскиот оддел и потребите. Подеднакво, со прецизно насочени активностите ќе се обидеме и да им укажеме на граѓаните за тоа дека и самите може да помогнат во подобрување на овие состојби.

  1. Интересно е дека ја вклучивте и Мартија во кампањата, која е пораката до граѓаните да ги поканите да се вклучат и тие директно во истата?

Како што веќе напоменав, со активностите на кампањата целиме и кон подигнување на свеста на граѓаните за тоа дека тие самите многу често се дел од промените кои им се потребни. Односно дека можат да се вклучат на разни начини и да дадат свој придонес кон подобрување на она што ги засега најмногу. Токму тука, во овој дел Мартија како познато лице и сограѓанка ќе се вклучи со својот личен пример и со пренесување на пораките до граѓаните на Куманово.

  1. Какви се активности ве очекуваат во наредниот период со акцијата во Куманово? 

Следниот период во одредени маркети ќе имаме промоции со кои ќе ги информираме граѓаните за акцијата, но имаме и еден интересен музички настан за кој благовремено ќе ги информираме граѓаните на Куманово, во кој директно ќе земе учество и Мартија.

  1. Колку вам ви значи да организирате донации како докажана општествено одговорна компанија?

Општествената одговорност и активното учество во заедницата, во Жито Лукс се спроведува редовно и континуирано, што веќе израсна во традиција. Во секоја спроведена активност ги вклучуваме и нашите вработени, така што веќе и самите индивидуално го чувствуваме задоволството од тоа како е да се помогне, да се предизвика позитивна промена и да се поттикне нечија насмевка. Тргнувајќи од себеси, како човек, како мајка сочувствувам со сите родители и луѓе што поминуваат низ тешки моменти и лично се залагам да им се помогне на кој било начин. Така што, кампањите што ги правиме и донаторските акции што ги иницираме, ни значат и на колективно и на индивидуално ниво.

  1. Кои се вашите очекувања за кампањата?

Претходните искуства со слични вакви кампањи што ги спроведовме и во други градови од Македонија нè убедија дека како компанија можеме да помогнеме и да придонесеме за подобро секојдневие на граѓаните. Акцијата што претходно ја спроведовме во Тетово беше навистина успешна и даде одлични резултати, а помошта беше добредојдена. Така што, кај нас нема сомнеж дека и овој пат, заедно со граѓаните на Куманово ќе успееме да направиме многу, да ги подобриме условите во детскиот оддел на Кумановската болница. Потребна е само мала лична заложба, за голема промена, тоа е она кон што целиме и веруваме дека ќе ја исполниме целта.

  1. Кога може да ја имаме и првата донација за Детското одделение во болницата?

Кампањата во Куманово започна на 21 септември и ќе трае три месеци, период во кој со секој купен производ на Жито Лукс во Куманово, ќе се одвојува средства за донирање за детското одделение. Веќе за еден месец, кога се финализира првата фаза од кампањата и потоа може да се очекува и првата донација во детското одделение, за што ќе ја информираме и јавноста.

zito-luks-martija

слична тема:
Жито Лукс со кампања за опремување на Детското одделение во Кумановската болница

© Radio Bravo - Kumanovo