• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Зоран Јосимовски, тренер на ЖРК Куманово

Ракометарките на ЖРК Куманово со двојна програма во Спортската сала во Куманово ќе ја започнат овогодинешната одисеја низ ЕХФ Челинџ Купот. Во дуелот од 3-то коло, противник ќе им биде екипатаа на Гален од Холандија. Според договорот, двата натпревара во оваа коло ќе се играат во Куманово. Истите на програмата се во Спортската сала, во сабота и недела со почеток во 18 часот. Пред овој меѓународен двомеч, гостин во студиото на Радио Браво е Зоран Јосимовски, тренер на ЖРК Куманово.


Се работи за прилично силен состав. Ние нема што да изгубиме, ќе дадеме максимум и ќе пробаме на некој начин да ги поминеме и можеби да обезбедиме учество во следното коло. Дефинитивно типичен ракомет за холандска екипа, брз ефективен, со многу шутеви, без застанување, воедно и недоволно тактички спремни, можеби тука треба да гледаме простор каде ќе можеме да доминираме и бараме место за успех.

Радио Браво како повик до спортските фанови за присуство на двата меча, доделува и бесплатни билети. Се што треба да направите е да се пријавите на нашата ФБ страна, и истите ќе можете да ги подигнете во петок, 9-ти ноември, од 08 до 14 часот, во просториите на Радио Браво, ул.Јоско Илиевски бр.49 (дирекција Циглана).


© Radio Bravo - Kumanovo