• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Кумановските ракометни репрезентативки во Радио Браво

Во Скопје од 31-ви јули до 6-ти август, се одржа  Европското Првенство за кадетки, ракометарки до 17 години. Во составот на репрезентацијата на Македонија беа и три членки на ЖРК Куманово: Мила Трајковиќ, Јована Кипријановска и Тамара Ивановска. Токму трите наши репрезентативки се гостинки во студиото на Радио Браво.


Кадетките на Македонија го завршија првенството на четвртото место. Најпрво во групната фаза беше совладана Грција (со службен резултат 10:0, откако Грција одби да го одигра натпреварот со Македонија поради натписот на името на нашата држава на маиците на тренерскиот тим), Швајцарија и Фарските Острови. Во клучниот натпревар за првото место, загубивме од Полска откако бевме „десетковани“ од руските судии, што се одрази и на натпреварот за третото место, во кој што со преполовен тим, македонските девојчиња немаа сили да ја победат Бугарија и да го освојат бидат трети на ЕХФ првенството, дивизија Б.
Мила Трајковиќ, Јована Кипријановска и Тамара Ивановска започнаа да тренираат ракомет во пионерската екипа на ЖРК Куманово и како прв тренер им беше професорот Александар Јовановиќ, за да подоцна продолжат кај професорот Димитар Антевски. Во државната лига на Македонската ракометна федерација се редовни учесници на завршниот Final 4 турнир. Од минатата година , со само 16 години, се во составот и на сениорската екипа на ЖРК Куманово, која, ако не ги сметаме екипите на Вардар и Металург е најуспешна екипа во остатокот од државата. Беа дел од двобојот со шпанската екипа Хелветиа Алсобендас, во ЕХФ Челинџ купот. Во женската сениорска лига, девојчињата, како членки на ЖРК Куманово беа трети и во полуфиналето од play off-от загубија од европскиот вицешампион, ЖРК Вардар. Сепак, повторно остварија пласман во Челинџ купот. За жал, ЖРК Куманово немаше среќа во ждрепката. Противник ќе им биде полскиот вицешампион Селгрос Лублин, за кој оваа лето потпиша и нашата репрезентативка Елена Петковска. Тамара, Мила и Јована, го продолжуваат летото со ракометни тренинзи. Откако со репрентацијата беа на подготовки во Маврово, од недела, тие со клубот патуваат на подготовки во Крушево. Радио Браво им посакува успешна сезона и напредок во нивната ракометна кариера.

© Radio Bravo - Kumanovo