• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

ЖРК Куманово, расадник на ракометни таленти


Ако кошаркарскиот клуб од Куманово е најквалитетната и најгледаната екипа, тогаш за женскиот ракометен клуб може да кажеме дека е клуб кој создава најквалитетни спортисти и резултатите ги постигнува исклучиво со играчи од нашиот град. И не само тоа, од ЖРК Куманово и во минатото и денес (а според квалитетот на помладите категории и во иднина) излегоа ракометарки кои играа и во најквалитетните екипи во државава, но и во странство, а беа и членки на македонската национална репрезентација. За ЖРК Куманово, клуб кој минатото лето во краток временски период престана и да постои, но благодарение на финансиските средства и волонтерската работа на неколкумина наши сограѓани, оваа сезона се натпреварува во три возрасни категории (пионерска, младинска и сениорска) во македонските државни лиги, денес зборуваме со Александар Јовановиќ, тренер на сениорската и младинската екипа и Моника Паневска, членка на сениорската екипа.

Александар Јовановиќ, тренер и Моника Паневска, играч на ЖРК Куманово

© Radio Bravo - Kumanovo