• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

KAVERVIL 3

Со особена чест и задоволство Ви го претставуваме новиот проект со кој легендарниот водител Драган Б. Костиќ се враќа на радио брановите!

Со овој проект и слоганот “да го вратиме радиото во секој дом”, СТ Продукција и Драган Б. Костиќ ја поттикнуваат едукацијата и музичка култура кај младите генерации со поддршката на влијателните локални радио-станици од цела Македонија. Сето свое знаење и искуство стекнато во текот на 40 години активна радиска кариера, Драган Б. Костиќ со проектот “КАВЕРВИЛ” го става на располагање на широкиот слушателски аудиториум и луѓето кои се активен дел од радискиот свет.

Во улога на едукатор, информатор и забавувач, препознатливиот глас на Драган Б. Костиќ во етерот освен носталгијата, ќе ги врати и вистинските музички вредности – на вистинско место.

Можеби мисијата на “КАВЕРВИЛ” и Драган е симболична, но е искрена – како долг кон професијата на која и го посветил животот. Да помогнеме сите заедно и да го вратиме радиото на заслужениот пиедестал – во секој дом.

© Radio Bravo - Kumanovo