Британскиот рапер со потекло од Гана Michael Ebenazer Kwadjo Omari Owuo Jr. на сцената попознат како Stormzy успеа да ги собере на едно место славниот Ed Sheeran и нигерискиот пејач Burna Boy за да ја снимат нумерата Own It. Песната излезе како официјален сингл, а ке се најде и на вториот студиски албум на Stormzy под име Heavy Is the Head што треба да се појави на пазарот на 13 декември 2019 година.