• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Linkin Park – One More Light (Албум на годината)

Радио Браво, за најдобар албум, издаден во 2017-та година го избра 7-от студиски албум на групата Linkin Park “One More Light”, за жал последниот на кој што го слушаме гласот на Chester Bennington, вокалист на групата кој почина на 20-ти јули, точно два месеци и еден ден по издавање на албумот.

“One More Light” во текот на 2017-та година стана 5-от албум на Linkin Park кој стигнал на самиот врв на Billboard 200 листата за албуми. Истиот беше продаден во златен тираж во уште три земји, а во Велика Британија, од страна BPI официјално беше прогласен за „сребрен“.


“One More Light” се состои од 10 песни, од кои во емисијата „”Album Of The Week” ќе слушнете шест, по следниот редослед:
1. One More Light
2. Heavy (feat. Kiiara)
3.Battle Symphony
4. Good Goodbye (feat. Pusha T and Stormzy)
5. Talking to Myself
6. Sharp Edges


Емисијата “Album Of The Week” во која што тема беше “One More Light” на Linkin Park, премиерно беше емитувана на Радио Браво на 24-ти мај, 2017-та година.

© Radio Bravo - Kumanovo