• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

The 1975 – I Like It When You Sleep, For You Are So Beautiful Yet So Unaware Of It (Албум на неделата)

За оваа седмица, „Албум на неделата“ е најновото остварување на бендот кој е основан во 2002 година во Манчестер како уште една indie rock група од островот која критичарите ја категоризираат како алтернативна, иако нивниот звук е еден вид на комбинација на поп-рок, денс поп, електро и уште неколку поджанрови што доминираат денес на музичката сцена. Групата се вика The 1975, а албумот има малку подолго име – I Like It When You Sleep, For You Are So Beautiful Yet So Unaware Of It.

The 1975 досега издадоа 5 ЕП или макси сингла и два студиски албума. Од почетокот долго време се премислувале околу нивното име, најпрвин се викале Talkhouse, па Bigsleep, потоа Drive Like Do  и The Slowdown , за да конечно во 2012-тата година, само една година пред објавување на дебитантскиот албум, решаваат да го земат името The 1975. Името на бендот е всушност референца на Џек Керовиц во една негова книга. Инаку во групата членуваат фронтменот Adam Hann, вокал и гитара,  Ross MacDonald на бас гитара и George Daniel на тапани.

The 1975 со својот втор албум привлекоа внимание, но само затоа што се уште еден поп бенд за кратка забава. Можеби во иднина  тие ке си го издефинираат својот звук во некој друг правец кој би станал поиндивидуален и автентичен. Сепак до тогаш предлагаме публиката да им даде шанса, затоа што тие се интересни и за помладите и за малку повозрасните генерации.

© Radio Bravo - Kumanovo