• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

The Boxer Rebellion – Ocean by Ocean (Албум на неделата)

The Boxer Rebellionе една од групите кои израснаа од британската музика од 90-тите, тука пред се се мисли на Radiohead и Oasis, но интересно е за нив што тие всушност се интернационален бенд, а не британски, бидејки членовите на групата доаѓаат од разни краишта на светот. The Boxer Rebellion не се типичен инди бенд туку повеќе припаѓаат на групата на алтернативен рок, првиот албум “Exits”го издаваат во 2005-тата и тој веднаш беше добро примен од страна на публиката, а пак вториот албум “Union” е до денес нивното најдобро остварување. На него се чувствува бендовското влијание од веќе споменатите Radiohead и Oasis споено со малку современ звук, кој денес го препознаваме како indie. Потоа следи The Cold Still во 2011 и “Promises” во 2013-тата од кој остана хитот “Diamonds” по кој се познати на пошироката публика.

The Boxer Rebellion на овој албум тешко дека ке можеме да ги споредиме со некоја друга група бидејки споија разни стилови, а сепак останаа верни на себе и навистина ке биде интересно да ги следиме што ке работат во иднина. Потенцијалот го покажаа одамна, а со овој албум го потврдија и статусот на еден од најинтересните инди рок групи.

И за крај, 5-тиот албум на TheBoxer Rebellion – “Ocean by Ocean” е промена во дискографијата на бендот со цел да стигнат до поширока публика и тоа дефинитивно ке им успее, но и покрај тоа тие останаа верни на себе и на својот стил. “Ocean by Ocean” е многу добар албум и добар експеримент кој завршува со стиховите “I choose to be happy…” нешто што овој албум и го носи. На старите фанови можеби нема да им се допадне, но новиот сигурно ке дојде.

© Radio Bravo - Kumanovo