• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Radiohead – A Moon Shaped Pool (Албум на неделата)

“A Moon Shaped Pool” е 9-тиот студиски албум во кариерата на англиските рокери Radiohead чие CD и LP е под етикетата на XL Recordings, а во графата на датум на објавување стои 17 јуни 2016 година. Тој беше најавен на 8-ми мај  со објавуање на првиот сингл од него за дигитално даунлодирање, нумерата “Burn the Witch”, од кој пак е е за одбележување видео спотот во кој волшебната птичја песна е надополнета со прекрасен и интересен видео материјал.


Radiohead работат на “A Moon Shaped Pool” практично од крајот на турнејата за претходниот албум The Kings of Limbs од 2012-тата. А овој албум е сниман во јужна Франција со нивниот долгогодишен продуцент Nigel Godrich, а тука е и мултиинстументалистот Jonny Greenwood и London Contemporary Orchestra, придружба со која групата во минатото освои 6 први места за своите претходни албуми во Велика Британија.

Критичарите ги бараат недостатоците на албумот “A Moon Shaped Pool” во многу правци и поради многу причини. Можеби е тоа недостатокот на инспирација, можеби немањето да се каже нешто ново, можеби желбата да се покаже музичката техника, а можеби и разочараноста од животот на Јорк, поради фактот дека некаде во август од 2015-тата година се раздели со својата партнерка после 23 години заеднички живот и 2 деца. Било како било точно е дека на албумот и во сите 11 песни, кои попат кажано, авторите не ги имаат подредено според нивен распоред на фаворити туку едноставно се наредени по абецеда според името, се гледа техничкиот аспект кој е ставен пред естетските компоненти и дефинитивно музичката убавина и длабочина на која сме навикнати од Radiohead на овој  албум ја нема.

© Radio Bravo - Kumanovo