• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Richard Ashcroft – These People (Албум на неделата)

Оваа недела „Албум на неделата“ ке го посветиме на петтото по ред соло дело на англискиот музичар и пејач Richard Paul Ashcroft или само Richard Ashcroft. Албумот е со наслов „These People“, беше објавен на 20 мај 2016 година и стигна до 3-тата позиција на албумската листа во Велика Британија. Но најпрвин малку повеќе за авторот.
Richard Ashcroft до 1999-тата го знавме како фронтмен на алтернативниоот рок бенд The Verve, а потоа и како соло артист, иако за волја на вистината The Verve повторно се собраа во 2007-та но за кратко, до летото од 2009-та. Следеше кратката епизода со формирање на групата RPA & The United Nations of Sound и пак назад во соло водите, каде е и денес.

These Peopleе, петтиот албум на Richard Ashcroft и дефинитивно спаѓа меѓу најдобите негови дела, ако не и најдоброто. Исполнет со редица на хит песни, зачинет на еден многу фин начин поради што, верувам дека британските медиуми повторно ке се натпреваруваат со пофалбите. Колку сето тоа ке значи за понатамошната кариера на Richard, е вистинското прашање , бидејки многу помлади автори го престигнаа, а младите денес многу малко следат што прават повозрасните. Било како било Британија секогаш беше неговиот дом и со овој албум на домашната сцена би требало да го постигне онаа што се бара од него, а за сето останато треба да се има малку повеќе среќа, бидејки брит-попот не е веќе толку популарен.

© Radio Bravo - Kumanovo