• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Lady GaGa – Joanne (Албум на неделата)

За оваа прилика во емисијата “Album Of The Week” го одбравме 5-тиот студиски албум на контраверзната по изглед американска пејачка Lady GaGa, насловен “Joanne”. Албумот “Joanne” беше официјално објавен на 21 октомври 2016-тата преку издавачките куќи Stramlineи Interscope Records и е наследник на нејзиното дело од 2013-тата, албумот “Artpop”. На албумот GaGa соработува со неколку продуценти во процесот на снимање меѓу кои се Mark Ronson, Father John Misty, Beck, Jeff Bhasker, Blood Pop и Red One. Некои критичари музиката содржана на албумот ја окарактеризираа како софт рок или денс поп во музичка смисла, а пак текстовите се претежно семејно ориентирани, односно содржат теми и емоции поврзани со смрта на нејзината тетка, сестра на нејзиниот татко Joanne Stefani Germanotta, па затоа и го носи името Joanne.

На албумот “Joanne” на Lady GaGa има вкупно 14 песни сложени по некој логичен редослед.

Со неколку црни дамки овој албум е прав пример како добрите рок автори секогаш ке имаат работа и ангажман, па макар и трудот да им биде покварен со одредена количина на трендовски звук. Lady GaGaзаслужува комплименти ако не за друго, тогаш за храброста што не се вовлекла во нејзините сигурни води и тип на музика. Можеби најголемиот шок на овој албум е токму е солидноста на песните, едноставноста и нивната комплетност, како и вокалната изведба – особини кои кај познавачите на музиката, без разлика каква, секогаш се во мода, без разлика кој ги компонирал или одпеал.

© Radio Bravo - Kumanovo