• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Ringo Starr – Give More Love (Албум на неделата)

Добредојдовте во Албум на неделата, добредојдовте во уште едно преслушување на уште еден албум, во уште едно запознавање на некое музичко дело во кое авторот го вградил својот талент, знаење и време.

Овој пат на дневен ред ни е 19-тиот по ред студиски албум во самостојната кариера на четвртиот The Beatles, како што го знае целиот свет, Richard Starkey или Ringo Starr, тапанарот на оваа славна четворка од Ливерпул од 1962-тата се до нивното распаѓање во 1970-тата, од кога ја започнува својата соло кариера. И во таа соло кариера нанижа 19 албуми, а последниот, нашата денешна тема, се вика Give More Love.


На албумот гостува, редовниот гостин на наговиот All Starr Band и неговиот колега од The Beatles, Paul McCartney, кој во песните: “We’re On The Road Again” и “ShowMeTheWay” свири бас гитара и ги пее back вокалите. Очигледно старите пријателства траат долго и тешко се забораваат. На албумот, Ringo Starr соработува и со повеќе импресивни музички имиња како: Steve Lukather од Toto, Joe Walsh од Eagles, Jeff Lynne од Electric Light Orchestra, Peter Frampton, Edgar Winter и секако Dave Stewart.


Со 10-те песни колку што ги има на редовното издание на албумот Give More Love и во 40-тината минути колку што трае, Ringo Starr не шета низ поп, рок, country, r’n’r музиката и повторно ни покажува дека се уште е во добра форма, а некако се чувствува и дека навистина ужива во тоа што го работи.

И тоа е тоа, од Ringo Starr, добивме на подарок еден класичен, добар албум, впрочем нешто на што не навикна во последните 20-тина години. Сигурно дека поминаа времињата во кои John Lennonи Paul McCartney тврдеа дека најдобрите пост Beatles соло албуми ги прави токму Ringo и времињатаво кои со тоа се сложуваа и музичките критичари, но сепак останаа само двајца од таа антологиска група. И добро е што тие од време навреме се наоѓаат и соработуваат на некој заеднички проект, а на нас ни останува да ги следиме и повремено да се потсетиме на тие стари по правило поубави времиња.

© Radio Bravo - Kumanovo