• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Robert Plant – Carry Fire (Албум на неделата)

Оваа издание на Album Of The Week му го отстапуваме на албумот под име “Carry Fire”…

…на еден пејач и композитор кој можеби е најпознат по тоа што беше водечки вокал на славната рок група Led Zeppelin, пејач зад кој стои успешна 50 годишна кариера, пејач за којсе смета дека е во групата на најголемите пејачи во историјата на рок енд ролот, рамо до рамо со Freddie Mercury, Axl Rose и Chris Cornell. Музичарот кој хеви метал магазинот Hit Parader во 2006-тата го прогласи за “Greatest Metal Vocalist of All Time”, кој Planet Rock во 2009-тата го прогласи за “the greatest voice in rock”, а славниот музички магазин Rolling tone во 2008-та го рангираше на 15-тото место на листата 100 најголеми пејачи на сите времиња, а во 2011-тата го прогласи за најголем од сите водечки вокали. Да не должам премногу, погодувате…. станува збор за големиот Robert Plant.


Robert Plantс војата соло кариера ја започна во далечната 1982-ра година и таа е сеуште активна и по 11 издадени соло албуми, тоа во кратко е приказната и за 11-тиот албум “CarryFire”. Тој ја продолжува својата етно музичка екскурзија поврзана со англоамериканскиот фолклор. За оние кои не знаат албумот “Carry Fire” исто како и претходните дела имаат се помалку врски со тестостеронските музички полнења од периодот на Led Zeppelin. Plant не е повеќе гласен и не вришти, тој не е повеќе агресивен алфа мажјак со перја од паун, туку е тих шармер кој “знае како се работи тоа” и токму “тоа” го работи подолго време. Најверојатно поради годините, бидејки да не заборавиме, тој е роден во далечната 1948-ма година.


Албумот “Carry Fire” на Robert Plant според звукот се потпира на претходниот “Lullaby… and the Ceaseless Roar” и звучи нежно и сензуално, а тој самиот како некој што може со песна да не купи. Некои од звучните подлоги одсвирени од неговата пратечка група The Sensational Space Shifters, која неоправдано не е спомената ниту на обвивката на албумот, звучат како perpetuum mobile – хармонии кои би можеле вечно да се повторуваат и да бидат интересни.


Албумот “Carry Fire” на Robert Plant излезе на пазарот на 13 октомври 2017 година, трае 48 минути и содржи вкупно 11 песни, дел од нив слушнавме и ќе слушнеме, дел поради времетраењето на емисијата АЛбум на неделата нема да бидеме во можност и иако некои како “The May Queen” и “New World” не се воопшто лоши, на албумот има некои песни кои го презентираат авторот во полната изведувачка и авторска сила, тука пред се мислам на “Dance With YouT onight” и секако на песната со исто темпо и со оптимален сразмер на британски фолк и психоделични примеси – нумерата “Season’s Song”. За крај, топло ви препорачувам да го слушнете “Carry Fire” и повремено да го употребувате во своите лични интимни моменти.

© Radio Bravo - Kumanovo