• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Depeche Mode – Spirit (Албум на неделата)

Наш избор за тема на ованеделниот албум е 14-тото по ред студиско дело “Spirit“, на англиската електронска група која постои од далечната 1981 година.

Бендот кој до сега има продадено над 100 милиони носачи на звук, кој има над 50 песни пласирани на UK Singles Chart,  и досега до овој албум, дури 13 албуми во топ 10 пласманот. Групата која  музичкиот канал VH1 ја има ставено на 98-то место на листата “100 Greatest Artists of All Time”,  а магазинот Q на 48-то место на листата 50 музички групи кои го променија светот, големите Depeche Mode.

Иако поголемиот дел од албумот Spirit е напишан пред Брекзит и доаѓањето на Доналд Трамп на власт, настаните за жал им одеа во прилог на Dave Gahan, Martin Gore и Andrew Fletcher барем што се однесува на темите од овој албум. Depeche Mode најдиректно до сега се имаат позанимавано со прашањето каде оди светот денес, а светот оди наназад, директно во пештерата од која одамна излеговме, како што David, Martin и Andrew велат во воведната песнаа по денешниот преглед на оваа дело е логичното прашање по првичната констатација – Where’s The Revolution?


Започнувајки уште од албумот “Songs of Faith and Devotion” од 1993-тата Depeche Mode издаваат албум на секои 4 години и воглавном тоа се случува во текот на пролетта, така беше и со Spirit. Martin Gore, Dave Gahan и Andrew Fletcher ја задржуваат солидната форма и на оваа издание со оваа продуховено име, албум кој не се занимава толку со езотеријата колку со политиката. Можеби се спремаат за политички води, кој знае, иако тоа звучи многу подобро отколку што звучат овие зборови изговорени во етерот. Во едно неодамнешно интервју за Wall Street Journal Gahan нагласува дека албумот не е политички, но дека се занимава со политички теми и сака да ги освести слушателите каде е нивното место во овој свет со пореметени вредности и како нивното однесување влијае на светот околу нив.


На албумот се појавува можноста за повторување на темите и музиката во песните посебно при пеењето. Можеби тоа ке го средат до концертната турнеја наречена Global Spirit Tour која ке започне на 5-ти мај во Стокхолм во Шведска а ке заврши на 23-ти јули во Клој Напока во Романија.

Плеј листа: 

 

  1.  Going Backwards
  2. Where’s The Revolution
  3.   The Worst Crime
  4.   Scum
  5.   Cover Me
  6.   No More (This Is the Last Time)
  7.  Fail

 

 

© Radio Bravo - Kumanovo