• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Arcade Fire – Everything Now (Албум на неделата)

Добредојдовте во најновото издание на Албум на неделата на Радио Браво. Како и во секоја претходна епизода на овој музички сегмент ке се обидеме да ви претставиме еден студиски албум на некој изведувач или група. Денес на дневен ред стигна албумот Everything Now на канаѓаните Arcade Fire.

Тоа е 5-тото по ред студиско дело на оваа група кое официјално излезе на пазарот на 28 јули 2017-тата и тоа во физичка форма преку Sonovox Records и дигитално преку Columbia Records. Продуциран е од Тома Багаите, францускиот музичар, DJ, композитор и филмски режусер, попознат како една половина од француското хаус дуо Daft Pank и басистот на Pulp – Steve Mackey.


Генерално можам да кажам дека албумот Everything Now се вклопува во карактерот на Arcade Fire, бидејки тие се бенд кој не сака да стои во место и со секој следен албум се еден чекор понапред во секоја смисла. Така Neon Bible беше различен во позитивна смисла од претходниот Funeral, The Suburbs беше нешто сосема ново, додека со Reflektor не запознаа дека на ред се диско песните.


Времињата се менуваат, групите мора да се развиваат, тоа е едноставно така. Ние можеме да очекуваме едно и исто од своите омилени групи, но тоа ке ни здосади порано или подоцна. Затоа треба да прифатиме дека Arcade Fire со секој нов албум наново го редифинира својот пат во непознат правец. Токму тоа е албумот Everything Now. Уште еднаш тие понудија многу пораки во своите текстови на младите во Америка, Канада и ширум светот, испорачаа еден модерен звук кој е базиран на електро-рок музиката со препознатливи рефрени. Знам дека тоа не е онаа што многу го очекуваа од нив, но оваа е албум на еден забавен бенд кој е на врвот на својата енергија, посебно кога ке ги видиме како уќиваат на настапите во живо, а ако се забавуваат самите и притоа забавуваат уште десетици илјади пред себе, тогаш е тешко да се каже лош збор за нив.

© Radio Bravo - Kumanovo