• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Robbie Williams – Heavy Entertainment Show (Албум на неделата)

Во оваа издание на албум на неделата сакам да ви го претставама “Heavy Entertainment Show” на Robbie Williams. Тоа е 11-тиот по ред албум на овој малку или малку повеќе контраверзен музичар кој има дури 6 од неговите албуми во топ 100 листат на најпродавани дела во Велика Британија. Дали ке им се приклучи и овој, ке оставиме на времето да видиме, а времето покажа дека овој британец не издава нешто зад кое не стои. Тој нема заморни и чудни метафори и дела со кои би требало привидно да се фрапираат слушателите. Robbie Williams во целата своја досегашна скоро 20 годишна кариера свири еден старомоден поп рок кој уште Elton John го има втемелено и кој само се обогатува со мали финеси. Пристап што секогаш победува.

Албумот Heavy Entertainment Show, Robbie Williams го снима во периодот помеѓу јуни 2015-тата и јуни 2016-тата, а првиот официјален сингл, песната што ја слушавме до пред малку PartyLike A Russian, го објавува на 30 септември од 2016-тата. Интересно е користењето на семплот од делото на Сергеј Прокопјев во неа, а вториот сингл LoveMy Life го објавува на 20 октомври од истата година.

И за крај на ованеделниот албум и прегледот на Heavy Entertainment Show на Robbie Williams, накратко, тој воопшто не не разочара, а сепак треба да знаеме дека неговата природна средина е сцената и настапите во живо каде публиката ке го добие оној вистински “Heavy Entertainment Show”. Турнејата ќе започнува на 2-ри јуни 2017-тата од Манчестер во Англија, а ке заврши на 10-ти септември во главниот град на Русија, Москва.

© Radio Bravo - Kumanovo