• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Kings Of Leon – WALLS (Албум на неделата)

Оваа издание на албум на неделата ке го отстапиме на групата која со својот гаражен рок го свртеа вниманието на себе уште од формирањето во 2000-тата година.  Kings of Leon, група која е формирана од браќата од Нешвил Калеб, Нејтан и Џаред Фоловил на кои им се придружува и нивниот роднина Метју, со презиме, се разбира Фоловил.  Со етаблирањето и комерцијализација на својот звук, денес станна еден од најважните бендови на младата генерација. Полека полека стигнаа и до 7-миот албум во кариерата, наш денешен предмет на преслушување. На почетокот сите се прашуваа дали тој се вика “We Are Like Love Songs“, или “Walls“, на крај се дозна дека се вика Walls и тоа како кратенка од We Are Like Love Songs.

1. Kings of Leon – Waste a Moment
2. Kings of Leon – WALLS
3. Kings of Leon – Around the World
4. Kings of Leon – Find M
5. Kings of Leon – Eyes on You
6. Kings of Leon – Over

И кога ке се стигне пред крајот на преслушувањето на целиот албум, станува јасно дека на албумот има премногу одскокнувања. Имаме цел низ на добри, дури и одлични нумери подредени покрај достап росечни и слаби, па лесно може да се заклучи дека албумот всушност не е една целина, туку збир од потенцијални синглови и со тоа хитови кои меѓу себе немаат скоро ништо заедничко, освен групата која ги снимила и ги ставила на овој носач на звук. Но од друга страна факт е дека се што денес Kings of Leon ке објават лесно може да стане хит. Големите е певливите рефрени се тука, пеењето од страна на публиката заедно со бендот во текот на нивните следни настапи, е исто така тука. Така да на крајот може да се заклучи дека Kings of Leon уште еднаш успеаја. Многу од песните на албумот ја имаат онаа комерцијална нота на која поголемиот дел од публиката ке се залепи, но го нема оној шарм и оние интересни песни од претходните албуми.

 

© Radio Bravo - Kumanovo