• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Rival Sons – Feral Roots (Албум на неделата)

Овoнеделниот Album of the Week го посветуваме на една група која постои од 2009 година и доаѓа од Лонг Бич од Калифорнија – Rival Sons. На почетокот од кариерата го привлекоа вниманието на светската музичка јавност со 2-риот, 3-тиот и 4-тиот свој студиски албум, “Pressure And Time”, “Head Down” и “Great Western Valkyrie”, дела кои ги објавија во 2011, 2012 и 2014-тата. Но денес, ние ке го преслушаме нивниот 6-от студиски албум под име “Feral Roots”.


Rival Sons можеби не се некој револуционерен бенд, можеби повеќе една од групите кои имаат порасната на хард рок музиката од крајот на 60-тите и 70-тите и на таа музика се обидува да внесе некоја нова душа. Сосема јасно може да се прочитаат идолите од тоа време, но Rival Sons не ги копираат слепо туку таа музика ја префрлаат во денешницата. Станува збор за искусни музичари кои ни покажуваат како денес треба да звучи рок музиката, правец кој се темели на блуз правецот и раниот хард рок стил. Не паѓаат ниту во еден момент, енергијата е неприкосновена, а песните се сепак прифатливи и не толку тешки.


Албумот Feral Roots бил сниман во RCA Studio A во Nashville и во Muscle Shoals Sound Studio во Алабама, а излезе официјално на 25-ти јануари 2019-тата под етикетата на издавачката куќа Low Country Sound која пак е дел од големата Elektra и помина доста добро на светските топ листи. Албумот стигна до 4-тата позиција на албумските топ листи во Шкотска, Шведска и Норвешка, до 8-мото место во Германија и до 12-тото во Велика Британија.


Можеби со годините доаѓа и умот или квалитетот, но од друга страна ако ги слушнеме Rival Sons и во почетните дела ке видиме дека тие имаат многу повеќе од желбата само да ги свират своите идоли. Rival Sons се секако прав рок бенд кој и понатаму ја држи рок музиката жива, иако тој музички правец е се помалку популарен поради новите жанрови што доминираат кај младите. Постарата публика лесно ке го засака албумот Feral Roots, но се надевам дека тоа ке се случи и кај помладите бидејки оваа е комплетно и моќно издание, а не некоја бледа копија на идолите од минатото.

© Radio Bravo - Kumanovo