• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Michael Kiwanuka – Love and Hate (Албум на неделата)

Оваа седмица ке му одстапиме време и простор на албумот на Michael Samuel Kiwanuka под име “Love and Hate” кој излезе во летото од 2016 година, а стигна и до првата позиција на албумската листа во Велика Британија.
Инаку Michael Kiwanuka е роден на 3 мај во 1987-мата во семејство на емигранти од Уганда и е британски музичар кој работи за продуцентската куќа Communion Records. Оваа го потенцирам поради тоа што за таа издавачка куќа работеле и работат и големите имиња како што се Marvin Gaye, Curtis Mayfield, Bill Withers, Randy Newman, Terry Callier, и Otis Redding, исто така и Van Morrison и the Temptations.

Преслушувајки ги сите песни од албумот “Love and Hate”, јас лично забележав дека песната “Black Man In A White World” донекаде се разликува од останатите. За разлика од нив, во “Black Man In A White World” гитарите и останатите инструменти се некако потиснати во втор план, а самата нумера се заснова на плескање со раце и вокалот, стварајки со тоа атмосфера на госпел и африканска племенска музика. Тоа е можеби така затоа што самиот Kiwanuka е дете на родители кои побегнале од африканската држава Уганда, но пак од друга страна лично тој кажува дека средината и културата во која израснал е културата на белата средна класа.

Генерално скоро сите песни од албумот “Love and Hate” на Michael Kiwanuka се некако меланхолични и побавни и ако и вие не сте во тоа расположение, по одредено време материјалот може да ви стане заморен и веројатно тоа ке ви биде најголемата замерка за оваа дело. Но и покрај тоа, талентот и соул афинитетот дефинитивно се во вените на Michael Kiwanukа и во овие конфузни времиња со преголема количина на информации, во кој животот минува а инспирацијата се бара во виртуелниот свет скоро исто како и во реалниот, лесно може да се разбере несигурноста и преиспитувањето на сопствената желба за творење на еден музичар. За општа среќа овој уметник ја најде со помош на пријатели кои го усмерија на вистинскиот пат.

© Radio Bravo - Kumanovo