• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Linkin Park – One More Light (Албум на неделата)

Денес во емисијата “Album Of The Week” ќе преслушаме едно музичко дело кое излезе на пазарот на 19-ти мај 2017-та година, а е во целост потпишано од американскиот рок бенд формиран во 1996-тата под име Linkin Park. Станува збор за нивниот 7-ми студиски албум во кариерата “One More Light”.

Лично јас се сеќавам на Linkin Park уште од нивниот дебитантски албум “Hybrid Theory” од 2000-тата година и веднаш потоа по  “Meteora”. Ги одбележаа првите години од 21 век со силниот рок звук кој повеќе се приближуваше кон метал правецот. Но преслушувајки го најновиот албум One More Light веднаш ке сватиме дека момците од бендот започнале да експериментираат во меѓувреме. Навлегле во другите музички правци и видови на инструменти кои не се карактеристични за вистинските рокери, повеќа накај поп-от и тоа се забележа уште во февруари 2017-тата кога го пушштија својот прв сингл од албумот, нумерата Heavy која ја снимија во соработка со американската пејачка Kiiara, потег кој за прв пат во нивната кариера го применуваат, да имаат женски вокал во било која своја песна.


Во зависност од тоа како го слушаме албумот “One More Light” на Linkin Park, ке имаме и такво мислење за него. Ако го гледаме преку призмата на носталгијата тогаш верувам дека тој ке биде едно мало или можеби малку поголемо разочарување, но ако го гледаме како нов и поп албум, тогаш гарантирано тој ке помине многу добро.


За крај на ованеделната рецензија на албумот “One More Light”t на Linkin Park може да констатираме дека момците ги тргнале гитарите од својот репертоар до таа мера што може да ги слушнеме ретко, многу ретко во нивните песни. Наместо гитарите, вметнале синтисајзери со помалку лоша динамика и без енергија и креативност, нешто што беше нивен заштитен знак во минатото. Станаа генерички поп бенд со плачливи вокали и со се останато што може овие години да се слушне по радио станиците, во некоја мера еден микс помеѓу Depeche Mode и Ed Sheeran.

© Radio Bravo - Kumanovo