• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

The Drums – Abysmal Thoughts (Албум на неделата)

Во оваа епизода на емисијата “Album Of The Week” ќе слушнеме еден албум на една релативно, за нашите простори, непозната група. Тие се од Њу Јорк Сити, се нарекле едноставно The Drums, а нивниот 4-ти по ред студиски албум се вика “Abysmal Thoughts“.

Основата на групата The Drums се Jonathan (Jonny) Pierce и Jacob Graham, двајца другари кои се запознале на некој летен камп на свои 11 или 12 години возраст. Подоцна ја формираат електро поп групата со краток век на постоење Goat Explosion која набрзо ја прекрстиле во Elkland. Со неа објавуваат еден студиски албум во 2005-тата наречен Golden, а од него остана забележана само песната “Apart.” Во 2008-та Jonny и Jacob конечно го осмислуваат концептот на The Drums, а Jonny се сели на Флорида за да му се придружи на Jacob Graham. Подоцна се селат во Brooklyn во New York. Во пролетта од 2009-тата им се придружуваат тапанарот Connor Hanwick и бившиот гитарист на нивната група Elkland,  Adam Kessler и некаде во октомври од 2009-тата го објавуваат своето прво дело Summertime!, носач на звук кој содржи 6 песни.


The Drums во 2017-тата година се враќаат на музичката сцена со албумот “Abysmal Thoughts”, наследник на претходниот “Encyclopedie” од 2014-тата, прв без гитаристот JacobGrahamи прв за познатата издавачка куќа Anti. Беше прашање на време кога оваа група од Бруклин ке потпише за некоја етаблирана етикета и иако двата пријатела од детството повеќе не се заедно, The Drums сепак го снимија својот најкомплетен албум досега. Поточно го сними Jonny Pierce – авторот на сите текстови и музика со помош на Jonathan Schenke од групите Parquet Courts и Mannequin Pussy.


Со оваа издание, The Drums го профилира својот стил и се приближува на слушателите со малку попробирлив вкус. Претходниот “Encyclopedia” за критичарите и слушателите излезе промашување и можеби грешка во кариерата, но затоа пак “Abysmal Thoughts” им ги надокнадува на фановите 6-те години на чекање од албумот “Portament” и дефинитивно овој живописен музички автопортрет на Jonny Pierce сигурно ке ги етаблира The Drums кај љубителите на инди поп музиката.

© Radio Bravo - Kumanovo