• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Simple Minds – Acoustic (Албум на неделата)

Овој пат, во “Album Of The Week” ке стане збор за еден нов албум на едни стари момци. Момците како група постојат од 1977 година кога во Глазгов се собрале пејачот JamesKerr, гитаристот Charles “Charlie” Burchil, бас гитаристот Tony Donald и тапанарот Brian McGee. Себе се нарекле едноставно – Simple Minds, а пак нивниот најнов, 17-ти по ред студиски албум уште поедноставно – “Acoustic”. Токму името на овој албум открива многу, тоа е акустично дело составен од нивни постари песни.

Simple Minds веќе подолго време се заробени во студиските лавиринти, во 2014-та го издадоа претходниот албум, веднаш по него имаа промотивна турнеја, а публиката, која секогаш пројавува голем интерес за нивните концерти сепак треба да се респектира исто како и нивната желба да ги слушаат постарите песни на Simple Minds. Можеби токму тука лежи причината зошто James Kerr и Charlie Burchil се решиле да ги соберат своите најдобри дела и наместо Best Of компилација, да ги снимат во акустична варијанта.


SimpleMinds со албумот Acoustic дефинитивно се враќаат на корените а го одликува и убавиот студиски звук, нешто што го имаше и на претходниот “Big Music” од 2014-тата, а идејата токму тој звук да се преведе во интимна акустична атмосфера е навистина интересна. Враќањето на корените во овој случај изгледа значи враќање во тинејџерските соби на Jim Kerr i Charlie Burchill – двата главни автора и единствените преостанати оргинални членови на бендот и тоа токму во оние соби во кои на акустични гитари ги компонирале своите први песни и најголемите хитови.


Како заклучок за оваа издание на Албум на неделата може да кажам дека “Acoustic” на Simple Minds, не е спектакуларен албум, но е поинаков од сите нивни останати. Гледано од позитивната страна, дури во него може да слушнеме дека зад сите оние моќни концертни звуци, постојат едноставни и убави песни. Албумот ке одговара на вкусот на старите фанови на овој бенд кои ги сакаат нивните најголеми хитови со години, но нема да биде ниту лош избор за помладите во запознавањето со оваа група.

© Radio Bravo - Kumanovo